10ка

Лара Иванова-Освежување кое недостасуваше на Македонската музичка сцена

Младата и талентирана Лара Иванова е свежиата крв на македонската музичка сцена.

Има 16 години и веќе од свои 6 години се занимава со музика. Својот прв настап го има во 2010-та година на детскиот музички фестивал „Супер Ѕвезда“ со песната „Фабрика за насмевки“ на композиторот и музички продуцент Александар Масевски. Освен што е талентирана за пеење, Лара го негува и талентот кон балетот. Имено, во 2014-та година го зеде првото место во натпреварот “Skopje Open” во категоријата модерен балет, за подоцна истата година да го земе третото место на меѓународниот натпревар во Софија, Бугарија во категоријата класичен балет.

Од 2010 до 2019 година зеде учество во балетските претстави на МОБ за „Оревокршачка“ и „Петар Пан“.

Својот прв настап на еден од најпознатите и најреномирани фестивали во Македонија – „Макфест“ се случи во 2019 година каде настапи со песната „Кој те учи така“ на композиторот и музички продуцент Иле Спасев со награда за најдобар аранжман.

Истата година, свој настап имаше и во Филхармонија со првиот лиценциран бродвејски мјузикл за деца и младинци „Ени Јуниор“, во улогата на Grace Farrell.Имено, Лара Иванова може да ја забележите и како статист во видео записот на Ламбе Алабаковски за песната „Биди пријател наш“, како и во во видео записот „Под ова знаме“ на група македонски пејачи.

Ова е нејзината 10-ка

Во три реченици, кои сте вие?

– Јас сум 16-годишна тинејџерка. Секогаш упорна во тоа што го работи. Заљубеник во уметноста и природата.

Што е тоа што вие го поседувате, а другите мечтаат за тоа?

– Не знам за мечтите на другите, но за себе можам да кажам дека поседувам дарба за повеќе правци во уметноста.

Во последно време за што најмногу размислувате?

– За плановите во иднина.

За што сте најмногу благодарни?

– Благодарна сум за тоа што сум опкружена со луѓе кои ги сакам и ме сакаат и од кои добивам искрена поддршка.

Доколку ги наредите по важност следниве поими: среќа, пари, љубов, здравје, слава, како би изгледала листата?

– Здравје, среќа, љубов, пари, слава.

Кој е најголемиот мотиватор во вашиот живот моментално?

– Поддршката која ја добивам од луѓето на кои им се допаѓа тоа што го работам

Што секогаш успева да ве налути?

– Неправдата.

Која е најчестата погрешна слика, која луѓето ја добиваат за вас?

– Дека сум вообразена.

Од кои три работи во животот никогаш не е доста?

– Здравје, љубов и музика.

Кое е наједноставното нешто што може да изнуди насмевка на вашето лице?

– Едно обично ,,Добро утро”.

Можеби ќе ве интересира: