10ка

Ведрана Ѓорѓевиќ девојка со убава насмевка која водеше временска прогноза и ги лепеше припадниците на посилниот пол за малите екрани

Кариерата ја започна како манекенка и модел уште како тинејџерка, на 17 годишна возраст. По препорака на една нејзина тогаш поискусна колешка, Живкица Ѓурчиновска, сега Каленикова и модниот стилист Александар Билјановски – Дадар, ќе застане пред ТВ камерите на Канал 5 и тогашната програмска директорка на телевизијата, Весна Петрушевска – Бејби ќе ја пружат првата шанса. Таа пак ќе ги искористи „своите пет минути“, кои сеуште траат…

Презентирањето на времето и временската прогноза ќе биде она нешто по што ТВ гледачите ќе почнат да ја препознаваат Ведрана Ѓорѓевиќ, атрактивната убавица со виткана коса, која ја го носеше шармот и магијата во својата насмевка, а сексапилот во нејзините долги нозе. Таа како водителка стана неизоставен дел од програмите и емисиите  на македонските ТВ продукции и телевизии. Со години беше дел од забавната емисија „Тротоар“,  а потоа го водеше македонското музичко талент ТВ шоу „Сите наши песни“ на МТВ, па утринската програма на МТВ…

По работата во медиумите, работеше како туристички водич во една позната скопска туристичка агенција. “Голден карпет” е новиот проект на кој Ведрана работи во моментов кој се емитува на Канал 5, а ова е нејзината 10-ка.

Во три реченици, кои сте вие?

Јас сум жена, ќерка, сестра… Другарка, колешка, партнерка… Среќно дете…

За што мечтае детето во вас?

Да биде среќно и безгрижно, да го живее животот најубаво што може, со убави и позитивни луѓе.

За што вреди да се трпи болка?

За ништо на светов на свесно ниво. Еден е животот, треба да го живееме среќно.

Доколку ги наредите по важност следниве поими: среќа, пари, љубов, 
здравје, слава, како би изгледала листата?

Здравјето е секогаш на прво место, тоа најмногу ни го докажа пандемијава. Потоа среќа и љубов, поврзани се секогаш. Ако немаш љубов во себе, за себе за другите и светот, не можеш ни да бидеш среќен. Парите исто ни се потребни, составен дел од животот се и колку и да велиме дека не се важни секако дека се, со нив уживаме задоволства (за мене тоа се патувањата) и комфор, и веројатно на крај ќе дојде успехот што е тесно поврзан со парите

Дали постои нешто за кое сте рекле дека никогаш нема да го сторите, а 
сепак сте го направиле?

Веројатно тоа било дека нема да им простам на луѓе што многу ми згрешиле, но на крај сепак сум одлучила да простам за да си олеснам себеси.

Кое е најлошото нешто што ви се случило, а ве направило посилна?

Разочарување од блиски луѓе, но за тоа не се криви они, туку јас што сум имала очекувања поголеми од нив како личност. Но и за тоа сум благодарна, од лошите работи многу повеќе научив и благодарение на нив сум она што сум денес.

Дали постои ветување кое сте си го дале себеси, а сè уште си го немате 
исполнето?

Ветувања не си давам, туку запишувам цели кои ги исполнувам кога ќе дојде време, кога ќе се поклопат коцките.

Која е најчестата погрешна слика, која луѓето ја добиваат за вас?

Не знам која е најпогрешната слика, веројатно треба друг да прашате ☺ Не ме интересира туѓото мислење, дури и да е поврзано со мене. Тоа е само нивна перцепција, не е ништо поврзано со тоа што сум јас навистина.

Кога ќе навлезете во длабока старост, што мислите, што ќе ви биде 
најважно?

Да имам мир и спокој, човек покрај мене со кој сакам да ја поминам таа старост и чувство дека сум изживеала квалитетен живот. А не е лошо се тоа да биде во куќичка покрај море.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: