10ка

Теа Трајковска: За мене среќа е да се чувствувам добро во своја кожа и реализирано дури и кога имам лош ден

Теа Трајковска е еден од представниците на “свежата крв” на македонската музика, младата и талентирана пејачка. Креативна, оригинална, шармантна . Ова е нејзината 10-ка.

Имено, 10-ка е нова рубрика, во која ќе можете да ги прочитате одговори од вашите омилени ликови од домашната сцена пред се, но и од Балканот. Секој кој оставил трага ќе биде дел од 10-ка.

Петок во 13 часот читајте 10-ка.

Која е вашата идеја за совршена среќа?

  • Можеби е клише ама секојдневната среќа навистина ја чинат мали нешта.Не верувам дека постои нешто што е совршено, бидејќи да ни е дадено се од раѓање не би имале за што да се бориме, ниту да знаеме или умееме да распознаеме што е среќа. За мене среќа е да се чувствувам добро во своја кожа и реализирано дури и кога имам лош ден.

Кој е вашиот најголем страв?

  • Ниеден страв не ми е врзан со мене, претпоставувам дека единствен страв ми е било каква несреќа на некој од моите најблиски.

На која жива личност и се восхитувате најмногу?

  • На мајка ми

Кои зборови или реченици ги користите премногу често?

  • Ваљда треба да каже некој друг што ме познава, не сум сигурна дека ќе бидам објективна. Најверојатно најчесто употребувана реченица на daily basis ми е што го прашувам кучето дали му се шета мислам реторичко е прашањето, одговорот се знае.

Како се чувствувате во моментов?

  • Пробувам да најдам ентузијазам, оптизам и надеж, иако станува се потешко во оваа ситуација во која се наоѓаме.

Кој е вашиот омилен писател, а кој сликар?

  • Хамм, искрено читам многу, но откако пораснав не се врзувам премногу за автори и незаменливо е местото на Џ.К.Роулинг (Хари Потер) a, сликар, сестра ми

Кои се вашите омилени имиња?

  • Не сум размислувала на темава искрено. Знам дека ако имам некогаш ќерка, ќе се вика Уна.

Кои вредности ги цените најмногу кај еден пријател?

  • Лојалност – дефинитивно и најважно

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....