Кога популарниот манекен Џордан Барет (24), кој ги фасцинира жените ширум светот со својот изглед, пред еден месец објави дека се верил, многумина се прашувале која убавица го освоила неговото срце.
Оваа среда следуваше изненадување: австралискиот манекен се омажи за колега, моделот Фернандо Казабланкас (23). На интимната церемонија во Ибица, Шпанија, присуствувале само 15 најблиски пријатели на Џордан, меѓу кои Кејт Мос, Џорџија Меј Џегер и Џереми О. Харис.
“Беше многу спонтано, но организаторката на неговата венчавка, Серена Кук, успеа да повлече врски за да направи се што е можно посебно, бидејќи неговото семејство од Австралија не можеше да дојде. Пиеја шампањ и коктели, беше многу опуштено. Прстените ги носеше Кејт Мос, која работеше напорно за да му го направи овој ден нјадобар“, изјавил извор близок до манекенот за “Daily Mail”.