Културо

“Самоглас” – прва платформа со аудио книги на македонски јазик

Со желба за промоција на културолошкиот и едукативниот раст во државата, “Самоглас” е првата платформа за пласирање на аудио книги на македонски јазик. Во соработка со издавачката куќа “Херои”, поддржана од “Икона”, на неа веќе може да се слушаат неколку книги на македонски јазик меѓу кои “Малиот принц”, “Ромео и Јулија”, “Животинска фарма” и “Дневникот на Ана Франк”, а активно се работи на дополнување со содржини, јавува Радио МОФ.

Платформата претставува веб апликација за пристап до аудиотеката (аудио библиотека) која е нов модел за претставување на литературни содржини на македонски јазик. Моментално, “Самоглас” е достапен само преку својата веб верзија, но од тимот велат дека напорно се залагаат за изработка на апликација за мобилни уреди.

Можеби ќе ве интересира: