20 години играл исти броеви и конечно станал милионер

По 20 години исти броеви на лото, еден берлинец овој викенд, конечно освои 1,67 милион евра. Играчот, чие име не беше откриено, упорно играше шест исти броеви во лотото “6 од 49”, кое се извлекува секоја сабота.

“Неговите броеви, конечно се извлечени овој викенд”, објави Лотаријата во Берлин. Портпаролот на Лотаријата рече дека играчот ги заокружувал истите бројки од јули 1998 година. Добитното ливче го платил 6,75 евра.

Повеќе на Музика24...