80 години од премиерата на легендарниот филм “Волшебникот од Оз”

Пред осумдесет години, легендарниот филм “Волшебникот од Оз” ја одржа својата светска премиера во театарот “Стенд” во Окономоц. “Волшебникот од Оз” е американски филм на режисерот Виктор Флеминг од 1939 година, направен по книгата на Л. Френк Баум, кој раскажува за Дороти Гејл и нејзиниот пат до Оз, каде што треба да го најде познатиот волшебник, за тој да и помогне да си го најде патот за дома. Волшебникот од Оз е најгледаниот филм во историјата на телевизијата.

Тој стана синоним за детството на многу луѓе кои пораснаа со Дороти која заедно со нејзиното куче Тото патува низ фантастичната земја Оз , заедно со ново стекнатите пријатели Страшилото, Лимениот човек и Лавот. Џуди имала само 17 години кога се појавува во улогата на Дороти.

Филмот зборува за девојче по име Дороти Гејл, кое живее во Канзас со своите тетка и чичко на фарма за време на големата депресија, и која сонува за подобар живот. По разорното торнадо што ја зафаќа фармата, Дороти и нејзиното куче Тото се однесени во фантастичната земја Оз. По првичното задоволство од волшебното земјиште, Дороти се уште не сфаќа дека и недостасува на својот дом. Единствениот што може да и помогне да се врати дома е Волшебникот од Оз. Тој живее во Смарагдниот град и Дороти тргнува на пат во потрага по него. По патот, таа среќава чудни пријатели кои и се придружуваат. Тоа се Плашилото, кој го бара волшебникот за да му подари мозок, Лименот човек, кој бара срце и Лавот,на кого му недостига храброст. На своето патување им помагаат Добрата вила од Северот, додека Злобната вештерка од Западот се обидува да ги запре.

Повеќе на Музика24...