Албанија “нападната” од фламингоси

Забраната за движење поради коронавирусот можеби не им се допадна на луѓето, но секако одлично им дојде на фламинго и другите птици во Албанија, чијшто број значително се зголемил во еден песочен залив покрај Јадранското море. Локалните претставници и жители наведуваат дека засега има и до 3.000 фламингоси во лагуната Нарта, важно живеалиште на водени птици, каде овие птици се вратиле по долгото отсуство.

Проучувачите на птици оваа пролет забележале и повеќе пеликани, чапји и други видови птици во лагуната од 28 квадратни километри, на 145 километри од Тирана.

Експертите за биодиверзитет сметаат дека намалената активност на луѓето поради пандемијата е доаѓањето на птиците, особено фламингосите кои се “многу нежен вид” и дека им се допаѓа кога околу нив нема ни возила, ниту луѓе.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.