“Корона” со загуба од 170 милиони долари

Компанијата во чија сопственост е пивото “Корона” остварила најниска заработка во изминатите 10 години во последниот квартал. Поради ширењето на корона вирусот во Кина во последните два месеци, компанијата претрпела загуба од 170 милиони долари во државата во период кога очекувале зголемена продажба поради Кинеската нова година.

Поради ваквата загуба, извршниот директор морал да ја намали и својата плата за овој период. Намалувањето на продажбата се должи на тоа што малку луѓе во Кина излегуваат во јавност поради што трпи ноќниот живот, а рестораните и баровите се затворени.

“Продажбата за 2019 година беше под нашите очекувања и воопшто не сме задоволни од овие резултати”, изјави за Си-ен-ен директорот Карлос Брито.

Повеќе на Музика24...