Цртани филмови кои ќе ве вратат во детството (Фото)

Без разлика дали се работи за роботи, мутанти, животни, тинејџери или други херои, цртаните филмови наведени подолу, ќе ве натераат веднаш да изгледате епизода или две од овие серии што ни беа омилени во детството.

Том и Џери
Вечната игра на мачка и глувче е забавна за сите генерации. Веројатно поради тоа мачката Том и глувчето Џери преживеале на малите екрани толку долго време. Сериите и цртаните филмови за Том и Џери започнале да се емитуваат во 40-те години на минатиот век, а со неколку паузи траеле до 1990-те.

Чип и Дејл
Пар на непослушни верверички прво се појавил во цртаните филмови за Пајо Паторот, Плутон, Шиљо и Мики Маус. Бидејќи биле многу симпатични, Чип и на Дејл добиле посебна серија. Незаборавните гласови на овие верверички се она што сите го паметиме.

Којотот и Брзата птица итрица
Гладниот Којот се обидува да ја фати Брзата птица итрица на смешни и луди начини. Никогаш не успева, но без оглед на тоа што гледачот веќе го знае исходот, овие цртани секогаш се забавни и духовити, токму поради неговите генијални идеи. И додека Којотот е очигледен негативец, со текот на времето ја стекна емпатијата на сите фанови на серијата.

Нинџа желки
Четири желки мутанти живеат во канализација, вежбаат боречки вештини, именувани се по познатите уметници, обожаваат да јадат пица и го слушаат својот учител стаорец. Да, звучи лудо, но овие фактори создадоа една од најомилените серии во светот. Сите сакаа да се идентификуваат со една од желките, се сеќавате ли која бевте вие?

Трансформери
Ако децата се фасцинирани од нешто, тогаш тоа се роботи. Така, цртаната серија во која добрите и лошите роботи се во постојан конфликт, стана светски хит. Позитивната група роботи, Autobots, ја предводи Optimus Prime, додека негативните роботи, Decepticons, ги води Megatron. Она што е особено интересно е дека сите се трансформираат во автомобили, авиони и животни.

Хи-Мен
Целосното име на овој култен цртан филм е “Хи-Мен и господарите на универзумот”. Одличната графика, специфичниот изглед на ликовите, многу фантазија и магија, се она што ја прави серијата апсолутно незаборавна. Кога принцот Адам се претвора во Хи-Мен со помош на магичен меч, тој започнува со разни авантури, од кои главната е битката против Скелетор.

Скуби Ду
Вилма, Дафне, Шеги и Фред, со помош на кучето Скуби Ду, ги решаваат навидум ужасните хорор мистерии. На крајот, секогаш се добива рационално објаснување за сите настани. Скуби Ду е куче што зборува, и иако е очигледно срамежливо, важно е за решавање на секоја загатка.

Инспектор Гаџет
Смешниот и несмасниот инспекторот Гаџет е во постојана битка против злобниот д-р Канџа. Бидејќи Гаџет е пола човек пола машина, користи многу механички елементи за да му помогнат да се справи со лошите момци. Десната рака на Гаџет е внуката Пени и нејзиното куче Брејн, кои се всушност, “мозокот на операцијата”, причината што инспекторот успева да победи.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.