Дали знаете дека постои витамин Ф и за што тој служи?!

Многумина доволно знаат за значењето на витамините и се трудат да ги внесат во доволни количини. Но, за значењето на витаминот Ф, кого организмот не го создава, не се знае доволно, иако спаѓа во групата супстанци неопходни за нашиот живот.

Овој витамин игра главна улога во создавањето одбранбена рамнотежа, а претставува база од која се синтетизираат други заситени масни киселини, објаснуваат стручњаците.

Последица од недостаток на овој витамин е губење вода од организмот, поради што се јавува преголема жед. Исто така се јавуваат и проблеми со кожата, а ако недостигот е хроничен, можат да се јават заболувања на крвните садови, во вид на атеросклероза, флебитис, тромбоза, инфаркт на миокардот, пореметување во работата на јетрата, како и намалена отпорност на вируси и бактерии.

За да се снабди организмот со доволни количини треба дневно да се внесуваат 10 до 20 грама од овој витамин, што, за жал ретко се случува. Полузаситените масни киселинини во кои се наоѓа витаминот Ф, концентрирани се во семките на сончоглед, лен, афион… А за да се задоволат дневните потреби, доволно е дневно да се испијат две лажици сончогледово масло.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.