Дестинации каде можете во 2020-та да поминете евтин одмор

Дестинација број 1 – Сончев Брег, Бугарија

Сместен на брегот на Црното Море, Сончев Брег го зазеде првото место на списокот со најевтини дестинации за патување. Местото е познато по својата жива атмосфера и ниските цени, а таму ве очекуваат долги песочни плажи, забавен ноќен живот и живописниот стар дел на градот Несебар.

Дестинација број 2 – Мармарис, Турција

Мармарис е за нијанса поскапа дестинација од Сончев Брег, но ако сакате мирен и тивок одмор изберете го овој турски крајбрежен град каде што ве очекуваат многу историски знаменитости и возбудливи пловења. Освен тоа, по заоѓањето на сонцето ве очекува живописен ноќен живот.

Дестинација број 3 – Токио, Јапонија

Изберете ја јапонската престолнина ако сакате комбинација на современото и на традиционалното. Таму ве очекува контраст од футуристички шопинг и тивки прошетки низ градините.

Дестинација број 4 – Алгарве, Португалија

Нема потреба да се објаснува убавината на Алгарве, доволно е само да ја погледнете фотографијата. Ова живописно португалско крајбрежје е идеално за секаков вид одмор, без разлика дали сакате да посетувате ноќни клубови и барови или сакате да го доживеете амбиентот на локалниот пазар.

Дестинација број 5 – Коста дел Сол, Шпанија

Коста дел Сол е речиси секогаш светло и сончево место. Упатете се кон Марбела ако сте расположени за луксузни искуства или кон Торемолинос ако сте љубители на храна.

Дестинација број 6 – Кејптаун, Јужна Африка

Јужна Африка изненадувачки се појави на оваа листа. Во Кејптаун ве очекуваат живописни сцени и пејзажи што го одземаат живот, па многу брзо ќе го исполните вашиот албум со фотографии од ова патување. Посетете ја планината со карактеристична форма на маса, а ако имате храброст, резервирајте нуркање во кафез.

Дестинација број 7 – Хои Ан, Виетнам

Хои Ан е идеална дестинација за оние што сакаат да дознаат како изгледа традиционалниот виетнамски живот. Ова место ќе ви понуди мирен шопинг и увид во познатата индустрија за свила, а можете и да пливате во топлите води на Јужнокинеското Море.

Дестинација број 8 – Бали, Индонезија

Во Бали ве очекуваат неверојатни храмови, искачувања по планини и разгледување мајмуни. Имате и можност да нуркате, бидејќи островот се наоѓа во разновидниот корален триаголник.

Дестинација број 9 – Прага, Чешка

Ставете ја Прага на списокот за патувања. Позната по своите раздвижени празнични пазари. Љубителите на историјата ќе уживаат во средновековниот кварт, полн со улици од калдрма и со импресивна архитектура.

Повеќе на Музика24...