Дубровник – најпосакувана дестинација за лето 2019 (Фото)

Според статистичките податоци на оценките на посетителите на популарниот сајт “TripAdvisor”, Хрватска е на врвот на листата земји со највисок раст на популарност во првите четири месеци годинава. Популарноста на Хрватска пораснала за 27 проценти. Најпосакувана дестинација во Хрватска е градот Дубровник.

Во категоријата на градови Дубровник има импресивни 46 проценти раст на популарноста, а Сплит е на второто место за пораст на интересот на овој сајт. На второто место по Хрватска е Словенија со 22 проценти раст.

Во категоријата на градови по Дубровник и Сплит најголема популарност има Салоу во Шпанија со 39 проценти, Ајиа Напа на Кипар и Мармарис во Турција со 31 процент раст, а потоа следи Ибица со 29 проценти раст.

Повеќе на Музика24...