Еко одмаралиште на Малдивите бара “босоног книжар”

Еко-одморалиштето „Сонева Фуши“, на островот Кунфунадхо на Малдивите, од 2018 година е дом на тројца босоноги книжари: последниот, Криси Рајан, си заминал во април откако пандемијата го зафати светот. Но, со повторното отворање на Малдивите за меѓународни посетители, „Сонева Фуши“ има потреба од продавач на книги кој ќе води мала книжарница на приватниот остров, а договорот ќе трае од крајот на октомври до Велигден.

“На Малдивите речиси и нема случаи на коронавирус, а одморалиштето со кое работиме има свој медицински центар и строги и ригорозни процедури за тестирање, па затоа е безбедно место. Одморалиштето очекува туристи, така што сме убедени дека книжарницата ќе има работа”, вели Филип Блеквел, извршен директор на „Ултимет лајбрри“, што ја води книжарницата и обезбедува библиотекарски колекции за дестинации за одмор низ светот.

Кога претходно беше ставен оглас за позицијата „босоног книжар“, Блеквел примил илјадници апликации од очајни луѓе да избегаат од секојдневниот живот.

“Последниот пат имавме апликации од филмски режисери, адвокати, ИТ-менаџери, вработени во Белата куќа, поети и пензионирани библиотекари. Нам ни е потребен некој со искуство во продажба на книги. Тие треба да ги сакаат луѓето и да продаваат книги и да се запознаат со книгите. Исто така, треба да бидат авантуристи затоа што ова не е за некој да седи во книжарница осум часа на ден, туку за луѓе што треба да се дружат и да им помагаат на луѓето во изборот при читање. Читањето за задоволство е како кој било друг мускул во телото – традиционално се користи помалку кога луѓето одат на одмор”, вели Блеквел.

Апликацијата за работа бара кандидати со одлично познавање на англиски јазик, и во зборување и во пишување; живописен тон за пишување забавни блогови и билтени што ќе го доловат возбудливиот живот на книжар на пуст остров и вештини за организирање работилници и настани, како и силно разбирање за независна работа. Оној што ќе биде избран, ќе помине обука за работа од далечина, пред да оди на Малдивите.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com