Фановите на “Avengers” ги препродаваат картите за неверојатни 9 до 15 илјади долари (Фото)

Побарувачката на карти за новото филмско остварување “Avengers: Endgame” е голема, а тоа го докажува и фактот дека картите за премиерата и претпремиерата ширум светот се продадени во рок од неколку часа по нивното пуштање во продажба.

Некои имале среќа да ги “грабнат” своите карти за последниот филм на “Avengers”, додека другите останале со празни раце и сега бараат алтернативи за купување. Се чини дека за карти ќе мора да платат повеќе, судејќи по цените кои се ставени на страниците за онлајн продажба. Фановите кои ги препродаваат картите се свесни за големата побарувачка, па затоа на некои страници е можно да се пронајдат карти за филмската претпремиера за неверојатни 9 до 15 илјади долари.

“Avengers: Endgame” ќе стави панделка на неверојатните 22 филмски остварувања на Марвел, а се започна во 2008-та година со филмот “Iron Man”. Ова веројатно е последното појавување на актерите Крис Еванс, Роберт Дауни Џуниор, Крис Хемсворт и Марк Рафало со оглед на нивните најави дека повеќе нема да се занимаваат со филмовите на Марвел.

Кај нас во кината филмот “Avengers: Endgame” ќе започне со прикажување од 25-ти април со својата претпремиера, а веќе од 26-ти ќе се прикажува секојдневно во сите кина каде се прикажуваат филмови.

Повеќе на Музика24...