Германија ќе слави 250 години од раѓањето на Бетовен

Околу 1.000 концерти, оперски изведби, фестивали и изложби догодина ќе има низ цела Германија во чест на 250-годишнината од раѓањето на композиторот Лудвиг ван Бетовен (1770-1827). Централните настани ќе се одржуваат во Бон, градот каде што е роден Бетовен и живеел до неговата 22-годишна возраст, кога се преселил во Виена.

Меѓу позначајните настани е концертот на Лондонскиот симфониски оркестар, а, пак, Берлинската филхармонија на 25 април ќе одржи 24-часовен маратон со музика од Бетовен. Одбележувањето ќе заврши на 17 декември 2020 во Бон со изведба на Деветтата симфонија под диригентство на Даниел Баренбоим.

Германската влада го финансира чествувањето со 27 милиони евра, а Бон учествува со пет милиони. Прославата ќе се одржува под слоганот “BTHVN2020”, што претставува кратенка од пет клучни особини на една од најзначајните германски личности: Бетовен како граѓанин, композитор, хуманитарец, визионер и вљубеник во природата.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.