Германските научници создадоа цигари без никотин

Германскиот технолошки универзитет ТУ од Дортмунд, објави дека научниците генетски ги модифицираат цигарите “Вирџинија”, така што ја намалија концентрацијата на никотин. Овој изум може да помогне за да се намали зависноста од пушење.

Светската здравствена огранизација повикува да зачестат истражувања од овој тип, затоа што никотинот е главната причина зошто луѓето се зависни од пушењето. Една цигара содржи 4.800 други хемиски материи од кои 70% се канцерогени.

“Наместо 16 милиграми, во новите цигари, една цигара содржи само 0,04 милиграми никотин”, изјави Феликс Стеле за нивниот изум. Во студијата, објавена во списанието “Plant Biotechnology Journal”, тој додава дека никој во светот досега не успеал до таа мера да го намали никотинот.

Повеќе на Музика24...