“Хенли енд партнерс”: Јапонија и Сингапур имаат најмоќен пасош

Според најновите истражувања на “Хенли енд партнерс”, Јапонија и Сингапур имаат најмоќни пасоши, овие две азиски земји се на врвот на листата поради безвизно патување во 189 земји во светот, според сајтот Index.hr.

Кога станува збор за земјите од нашиот регион, Словенија е на 10-то место, Хрватска на 20-то, Србија на 41-во, Македонија на 46-то, Црна Гора на 47-мо и БиХ на 51-во место.

На дното на листата се наоѓаат Пакистан, Сирија и Ирак, а Авганистан со чиј пасош може да се посетат само 25 земји без виза е на последното место.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.