Инфлуенсер шокираше со фотосесија да го „доживее“ чувството на бременост

Џејмс Чарлс се прослави пред неколку години по своите вештини во правењето уникатна шминка. Шминкерот влезе во историјата на 17 години кога стана првото машко лице на козметичката марка Cover Girl во 2016 година. Неколку години подоцна, Џејмс има милиони следбеници на Инстаграм (поточно 26 милиони), гостува на голем број модни ревии и престижни награди, а неговите видеа на YouTube исто така собраа многу прегледи за кратко време.

Блогерот пред некое време предизвика бран коментари, благодарение на новото видео и фотографиите што ги сподели на своите социјални мрежи. Џејмс го прифати предизвикот на неговата многу блиска бремена другарка, која му рече дека мора да „влезе“ во кожата на една бремена жена за да открие што е тоа. Скандалозно или не, Џејмс одлучи дека треба да се обиде делумно да ја доживее бременоста

Џејмс Чарлс во видеото вели дека се обидува да ги разбере бремените девојки правејќи го експериментот само 24 часа. Така, 21-годишниот Чарлс реши да го прифати советот на неговата најдобра пријателка Лора Меладо, која моментално очекува  второ дете. Дали се сеќавате на филмот „Помлад“, во кој Арнолд Шварценегер игра дека останува бремена… добро, Чарлс прави нешто слично.

Инфлуенсерот рече дека тој, Лора и сите нивни блиски пријатели разговарале и се шегувале со неа, но после тоа таа рекла дека Чарлс нема да издржи 24 часа како бремена жена, но тој го прифатил ова како искрен предизвик.

За фотографиите и видеото, блогерот имал лажен стомак со реален изглед, извршувајќи разни задачи за да види дали може да се справи со нетипичната улога. Џејмс нагласува дека неговото видео не е наменето да ја исмева бременоста и сите моменти низ кои минуваат милиони жени ширум светот.

Чарлс сподели и фотографија на која се гледа неговиот „труднички стомак“, а самата фотографија беше инспирирана од фотосесијата на Бијонсе кога му откри на светот дека очекува близнаци. Коментарите се прилично контрадикторни – едни веруваат дека Џејмс го снимил видеото за забава, други сметаат дека е знак на солидарност затоа што тој се обидува да разбере низ што минуваат жените, а други тотално негираат што сторил и не ја прифаќаат неговата постапка.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com