Скандал во Анталија: Македонски “инфлуенсери” ја посрамотија Македонија (Видео)

Како што пишува порталот Либертас, “познати македонски инфлуенсери” (ако можеме дел од нив така да ги наречеме), во еден од хотелите во Анталија каде претходно од една релативно позната македонска туристичка агенција биле одбрани истите тие “познати личности” и однесени на бесплатна седумдневна прошетка или забава за да истите тие на своите профили на социјалните мрежи, таа тура, туристичка агенција и сето тоа патување добро го изрекламираат, а истото тоа да би влијаело на нивните фанови и следачи пред новата летната сезона.

Тоа можеби било целта, ДА, но за жал во тоа не успеаа.

Сите оние кои се одбрани, се уште не знаеме по кој критериум и кој ја имал таа “среќа” да ги одбира, всушност по снимките кои се објавени на интернет и сето она што е како информација, е еден голем срам пред се за истите тие кои како мали деца, како прв пат да се на некое вакво патување и како сите да се пуштени од ланец, што се не правеле и правеле само да се покажат и да бидат во “прв ред”.

Срамот освен за нив, голем е и за туристичката агенција која што испрати да ја претставуваат анонимуси, повеќето се стилисти, пропаднати новинари со тв или радио емисии кои имаат многу слаба слушаност, односно, гледаност, водители, т.н. инфлуенсери и неколку музички имиња кои еден хит немаат зад себе… општо кажано, погрешни личности кои немаат апсолутно никакво влијание врз македонската јавност и публика (со чест на исклучок на една-две личности од целата таа група) и кои што целото тоа патување и бесплатна прошетка ја сфатија како наградно патување како нешто што ним да им следи и мора да го добијат и да бидат дел од таа група. И рака на срце, повеќето од истите како по некоја чудна случајност се тие па тие се одбрани и тие се тие што се предодредени да патуваат и да ја преставуваат нашата земја, притоа незнаејќи две реченици да сврзат, а камо ли да презентираат и претстават дел од она што го имаат видено и треба да го видат.

Меѓудругото Либертас вели и дека забавата на која биле дел и нашите одбрани “познати” во еден момент била прекината од страна на турската полиција, бидејќи нивното однесување било како прв пат да се на патување и како да се им е дозволено, при тоа знаејќи дека владее пандемија и коронавирус и правила за бон-тон и нормално однесување. Не сме информирани дали истите се приведени или казнети според законите и новите правила во Турција, но едно е сигурно, овој пат успеавте Македонија да ја доведете до дното и за само неколку дена гратис каде при тоа треба да го претставите она што го гледате а не само да се смешкате, и како да сте добиле наградно патување да шетате и да уживате во сето тоа. Нашата земја тоа не го заслужува. Наместо позитивни критики, убав помин и одлични спомени, Македонија а и сите тие кои се дел од таа тура беа споменувани во негативна конотација на турските медиуми, што е уште еден минус и за организаторот на ова патување и на сите оние кои што се дел од истото.

На крајот се прашуваме, дали има некој нормален во туристичката агенција која што го организирала ова промо патување и дали воопшто знаат истите кого и зошто праќаат, која им е целта и зошто го прават сето ова во време кога владее глобална пандемија, коронавирус, кога милиони граѓани ширум светот се заболени и умираат секојдневно.

Уште еден срам за Македонија. Но, како велат старите… што ќе си посеете, тоа ќе си пожнеете.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com