Избран најдобриот Џејмс Бонд на сите времиња

Крејг ја победи конкуренцијата со 51 процент од гласовите, оставајќи го Шон Конери (23,9 проценти), Пирс Броснан (16,6 проценти) и Роџер Мур (8,5 проценти) на второто место. Во претходните фази на гласање, Тимоти Далтон брзо испадна со 3,7 проценти од гласовите, а австралискиот актер Џорџ Лазенбај со само 1,5 проценти. Како што се очекуваше, и покрај резултатите, фановите се пожалија во коментарите.

“Крег не е дораснат начизмите на Броснан. Конери, сепак, е едноставно најдобриот Бонд”, заклучи еден обожавател.

Патем, Даниел Крег досега го играше 007 агентот четирипати – во филмовите “Casino Royale”, “Quantum of Solace”, “Skyfall” и “Spectre”, а премиерата за продолжетокот “No Time to Die” е одложена за ноември.

Повеќе на Музика24...