“Јелена од Драчево” дизајнира свој парфем

Актерката Јелена Јованова која македонската публиката ја засака ако рецепционерката Јелена од Драчево, работи на својата прва козметичка линија. Таа се пофали дека веќе работи го дизајнира својот прв парфем и тоа го објави на Инстаграм.

“Правам свој парфем, се чувствувам бестрашно”, пишува Јованова во описот на фотографијата. Таа во моментов е во Загреб, каде веќе неколку години живее со својот сопруг, хрватскиот актер Стјепан Периќ.

Јелена не е прва од домашната јавна сцена која паралелно работи и на своја козметичка линија. Наскоро и Елена Ристеска ќе ги изненади фановите со парфем, а пред неколку години тоа го направи и дизајнерката Тања Кокев, која парфемот го нарече токму по актерката Јованова, која и беше инспирација.

Повеќе на Музика24...