Каде води тунелот на љубовта? (Фото)

Тунелот на љубовта во Украина се смета за едно од најромантичните места на светот, а според легендата, паровите мора да поминат преку него држејќи се за рака. Тунелот на љубовта во источна Украина, во близина на градот Клеван е дел од пругата која води до Оржев. Долг е околу три километри, а железничката пруга е наменета за товарен воз кој патува до фабрика за преработка на дрво.

Тунелот, на кој многумина му ласкаат велејќи дека е најромантичното место на планетата е омилено место на паровите, кои одат таму за да ја тестираат својата љубов, поради што машиновозачите мораат исклучително да се сконцентрирани, за да не дојде до несреќа. Според легендата, само на вистински заљубените ќе им се исполни желбата која ја посакуваат додека поминуваат низ пругата, држејќи се за раце. Без оглед на љубовта, одењето под живописно зелената аркада се памети цел живот (а изгледа одлично и на Инстаграм).

Тунелот настанал така што возот ги обликувал гранките секој пат кога поминувал по тој пат до фабриката, отприлика четири пати дневно. Но, позади романтичната приказна се крие воена тајна.

https://www.instagram.com/p/B4-BjP9hL6Y/?utm_source=ig_embed

“Првиот дел на пругата изгледа како секоја друга, но, малку подалеку дрвјата се погусто насадени за да го сокријат просторот зад неа од несаканите погледи”, раскажал локалниот новинар Ала Садовник и нагласил дека овој пат имал важна улога за време на студената војна. Тој нагласува и дека за време на параноичната советска ера, дрвјата биле засадени така што би ја криеле воената опрема и оружје. Во близина на фабриката, тунелот се дели, а едните шини водат до воената база на шумата, во која наводно во минатото се одвивале тајните операции.

Повеќе на Музика24...