Кои се најљубоморните хороскопски знаци меѓу мажите

Кога станува збор за хороскопските знаци, астролозите едногласно се сложуваат и ни ги откриваат најљубоморните мажи во зодијакот. Кои се тие… прочитајте во продолжение.

  • Скорпија

Шампиони во љубомора. Темпераментни и склони кон кокетирање, па секогаш ќе се сомневаат во партнерот. Развиената фантазија ги присилува да гледаат кој ви лајкнува на инстаграм и кои се вашите пријатели и колефи. Често се премногу токсични за односот бидејќи несвесно допринесуваат другата страна да се чувствува непривлечно. Имаат многу развиена интуиција, па доколку се одлучите за љубовник тие ќе почувствуваат.

  • Овен

Поради фактот дека Овенот е склон кон целосна контрола, може да ви се причини дека е оддалечен од љубомората, но не е така. Не се однесува како типичен љубоморен тип, но има изливи на бес. Тоа е најлош проблем во односите со Овенот. Проблемот е во тоа што Овенот практично го губи разумот доколку види дека неговите сомнежи се оправдуваат. Бидете подготвени дека може да ве потсети на сите момци за кои сте им зборувале.

  • Јарец

Тој е прагматичен, зборлест, самоуерен и трпелив. Последните две негови осовини создаваат одредени проблеми во односите со спротивниот пол. Не го поднесува неверството , иако не чувствува љубомора. Сепак, можете да утврдите дали Јарецот е љубоморен на вас само доколку го погледнете, ќе стане премногу тивок и замислен.

  • Лав

Лавот ги сака натпреварувањата и не се плаши од нив во никаков облик па ни во оној за освојување на срцето на саканата. Откако ќе го привлече вашето внимание, нема да пропушти прилика, а да не го покаже својот “дијамант” на сите забави и познаници. Истовремено нема да дозволи манифестација на внимание од надворешни страни, а доколку се случи тоа, тој сигурно ќе ја нагласи страста меѓу вас со топол бакнеж или прегратка.

  • Риби

Рибите се креативци кои често имаат талент за глума, музика, пишување поезија или танц. Како и сите талентирани личности, па така и на мажот Риба ќе му недостига адреналин во врската. Мажот во овој знак ќе заборави на љубомора доколку го опкружите со љубов и нема да му кажувате шеги поврзани со неговата љубомора.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.