Погледнете: Која е најпосакувана дестинација број 1 во светот

Една студија открила дека ова место е најсреќното место на земјината топка. Патувањето и посетите на нови дестинации високо котираат на листата на приоритети кај голем број на луѓе, но една дестинација се издвојува веќе со години.

Имено, во текот на едно истражување, било откриено дека 74 отсто од светската популација имаат желба да ги посетат Хаваите барем еднаш во животот, додека 83 отсто од нив си зацртале дека мораат да го посетат ова магично место, пишува порталот Travel and Leisure. На оваа листа високо котираат и Алјаска, Калифорнија, Мајами и Њујорк, но сепак, Хаваи се наоѓаат на самиот трон на топ дестинациите ширум светот.

Оваа информација воопшто не е чудна, со оглед на тоа што секоја година се повеќе туристи се враќаат од летување во својата татковина, воодушевени од хавајските топли денови, “Алоха” расположението, дивиот живот и прекрасната, недопрена природа.

Една студија открила дека Хаваите се најсреќната земја во светот, па поради тоа не е чудно што ова место претставува голема желба на многу луѓе од сите краеви на планетата.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.