Мал е три сантиметри, а е најгласното суштество во океаните

Откриен во 2017-та година покрај источниот брег на Јапонија, морскиот полихетски црв Leocratides kimuraorum ги изненади научниците со својата гласност. Морското животно долго само околу три сантиметри е способно да репродуцира звуци и до 157 децибели.

Овие црви живеат главно на длабочина од 85-170 метри и обично ги колонизираат сунѓерите од класата Hexactinellida. Покрај тоа, во еден таков “стан” може да има неколку слични индивидуи одеднаш, меѓутоа, каква е нивната интеракција едни со други, научниците досега не успеале да утврдат. За време на истражувањето беше откриено дека ако двајца претставници на овие животни бидат рамо до рамо, тие веднаш се вртат еден кон друг и испуштаат гласни звуци.

Вреди да се напомене дека Leocratides kimuraorum станаа првите животни познати во науката, кои се способни да направат такви гласни звуци иако немаат цврсти делови на телото.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.