“Марвел” го објави трејлерот за филмот посветен на Black Widow (Видео)

“Марвел” го објави трејлерот за првиот самостоен филм за ликот на Black Widow, со Скарлет Јохансон во главната улога. Холивудската ѕвезда веќе го играше ликот, чие вистинско име е Наташа Романоф, во осум филмови на “Марвел”, како “Ајрон Мен 2”, “Капетанка Марвел” и трите дела на “Одмаздници”. Романоф е поранешна атентаторка на КГБ и агентка на ШИЛД, фиктивната антитерористичка организација на “Марвел”.

Јохансон е, исто така, извршна продуцентка на филмот, кој го режираше Кејт Шортленд, а во други улоги се Флоренс Пју, Рејчел Вајс, Дејвид Харбор, како и македонската актерка Симона Живковска. Black Widow ќе има светска премиера на 30-ти април во Австралија, односно на 1-ви мај во Велика Британија и САД.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.