Машката брада има повеќе бактерии од крзното на кучињата

Можеби ова не се најдобрите вести за љубителите на брада, но едно неодамнешно истражување покажало дека брадата на мажите има повеќе бактерии дури и од крзното на кучињата.

Научниците од клиниката Хирсланден во Швајцарија споредиле примероци од брада од 18 мажи, на возраст од 18 до 76 години, со влакна од 30 кучиња. Се покажало дека сите мажи имале бактерии во брадата, а кај 7 од нив имало и некои опасни по здравјето. Истите резултати се покажале и кај 23 од 30-те кучиња.

“Врз основа на ова истражување, можеме да утврдиме дека кучињата се почисти од луѓето”, изјавил доктор Андреас Гутзејт кој го водел истражувањето.

За резултатите прокоментирал и Кит Флет, главниот на британската заедница која ја промовира брадата, наречена “Bear Liberation Front”. Кит истакнал дека во последно време премногу се зборувало за негативните страни на машката брада. Исто така додал и дека му изгледало како многу луѓе да страдаат од погонофобија – страв од брада.

Повеќе на Музика24...