Месечно заработува 500.000 долари, а погледнете што работи (Видео)

Американецот Тајлер “Нинџа” Блевинс (27) е професионален играч на видео-игри и месечно заработува до 500.000 долари за да ја игра видео игри “Fortnite”, и тоа најчесто го прави од креветот. Овој среќник на YouTube има 22 милиони претплатници, а на Инстаграм и Твитч стриминг платформата го следат 14 милиони луѓе. Списанието “Тајм” го стави на листата 100 највлијателни луѓе.

Овој 27 годишен дечко стана идол и културна икона на тинејџерите низ светот, па така компанијата за компјутерски игри “Electronic Arts” (EA) во март му плаќала по еден милион долари на ден само за да игра новата видео игра “Apex Legends”. Во текот на првиот месец, играта почнале да ја играат повеќе од 50 милиони играчи.

Но, ова се уште е далеку од популарноста на “Fortnite”, видео игра која Тајлер и го должи статусот на ѕвезда. Играта има 250 милиони активни играчи. Сепак, славата и успехот имаат своја цена.

Тајлер во едно интерју се пожалил дека за да се задоволат потребите на својата публика, мора да игра дури 12 часа на ден. Ако изостане само еден ден, тоа значи загуба од неколку илјади долари. Така неодамна, поради патување од неколку дена, изгуби 100 илјади претплатници, или 500 илјади долари во приходи.

Повеќе на Музика24...