Нетфликс го промовира својот нов филм “Евровизија – приказна за огнената сага” (Видео)

Синоќа во шоуто на Греам Нортон, актерот Вил Ферел објави дека филмот “Евровизија – приказна за огнената сага” ќе биде објавен на Нетфликс од петок 26 јуни. Филмот е во режија на Дејвид Добкин и дел од актерската екипа се холивудските ѕвезди Вил Ферел, Рејчел Мек Адамс, Пирс Броснан, Деми Ловато и други.

Филмот раскажува приказна за двајцата исландски музичари Ларс Ериксон (Вил Ферел) и Сигрит Ериксдотир (Рејчел Мек Адамс) аспиранти за претставници на својата земја на Евровизија и патувањето со единствената шанса да ја претставуваат својата земја на најголемиот музички натпревар – Евровизија. Вил Ферел заедно со  Ендру Стил го напиша сценариото.

Првата песна од оригиналниот саундтрак на овој филм беше објавена под името “Volcano man” (Човекот на вулканот).

Снимањето започна во Лисабон во мај 2018 година, продолжи минатиот мај во Тел Авив а најголемиот дел е снимен во Велика Британија (во Единбург, Шкотска) и во Исланд.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.