Емотивно: Невеста и нејзиниот татко, кој има неизлечив рак на мозокот, танцуваат на нивната омилена песна (Видео)

Мери Борн Робертс ја избрала песната на која ќе танцува на нејзината свадба заедно со нејзиниот татко уште кога била дете, кога таа и нејзинот татко Џим танцувале на песната на Лин Ен Вомак “I hope you dance“ во кујната во 2000-те. Но, кога конечно овој добро извежбан танц требал да се случи на 29-ти декември во Алабама, тој не изгледал како што си замислувала Мери.

Џим бил дијагностициран глиобластом, агресивна и неизлечива форма на рак на мозокот, кој обично доведува до смрт во рок од неколку месеци. Мрачната прогноза ја разочарала неговата ќерка и таа не знаела дали нејзиниот татко ќе дочека на присуствува на нејзината венчавка со вереникот Џејмс Бутс. Но кога таткото и ќерката ја добиле својата можност, тие ја искористиле секоја секунда.

Емотивниот танц ги довел сите гости до солзи, а и ние ви препорачуваме да си спремите марамчиња пред да почнете да го гледате видеото.

Повеќе на Музика24...