Нов тренд во рестораните: Гостите имаат ограничено седење

Преку најновиот начин на резервации во рестораните во Австрија, гостите веќе нема да може да резервираат маса за цела вечер. Веќе нема да може гостите да резервираат во 20 часот и да останат до полноќ . При резервацијата гостите наведуваат кога влегуваат и кога излегуваат во рестораните, што не смее да трае повеќе од еден час.

“Овој начин на резервации е резултат на дигитализацијата”, вели Петер Добкак од Стопанската комора на Виена. Некои гости не се задоволни со ваквиот начин на работа на рестораните, но сопствениците сметаат дека е добро што повеќе гости да се сменат во текот на вечерта. За оние кои сакаат да останат до подоцна им се нуди да направат доцна резервација, а по вечерата да се преместат на шанк.

Повеќе на Музика24...