Од играчка плачка: Сакала да го изненади со секси чорапи, а тој и ги скршил нозете (Фото)

Една жена од Австралија сакала да го израдува својот маж со нови секси чорапи, но кога ги видел нејзините нозе, тој се уплашил и мислел дека му се заканува голема опасност. Жената која купила секси чорапи за да ја “заскокотка” фантазијата на сопругот, завршила во болница.

Чорапите имале шара на змија, па тој помислил дека во креветот покрај неговата жена се наоѓаат две змии отровници. Во истиот момент, сакајќи да ја одбрани својата сопруга, земал бејзбол палка и почнал да мава по “змиите”, односно по нозете на сопругата. Кога сфатил дека “змиите” всушност се нозете на неговата сопруга веќе било доцна, бидејќи тој и го скршил стапалото на неколку места.

Повеќе на Музика24...