Интересно: Одмаралиште во Јапонија ви нуди капење во пиво (Фото)

Овој спа центар е одличен за вас, ако сте голем љубител на пивото. Јапонското одморалиште Мисуги (Misugi) ви овозможува да се капете во пиво, а се наоѓа на само неколку чекори од пиварата Хинотани. Опкружено со планините во јапонското село Токаи, одморалиштето Мисуги нуди одмор со внатрешни и надворешни бањи, сауна, базен и јакузи. Овде можете да се слободите од стресот така што ќе се бањате во пиво.

Таканареченото “Нинџа пиво” кое е произведено во пиварата, во комбинација со природните топли извори е навистина необично искуство. Наводно благодарение на квасецот, ензимите во сладот и јаглеродната киселина, оваа бања е погодна за разубавување.

“Квасецот од пивото ја омекнува кожата, а пивото има и антибактериска моќ што е добра за вашата кожа. Покрај тоа јаглеродниот диоксид е одличен за циркулацијата на крвта”, изјавил сопственикот Јуки Накагава.

Одморалиштето нуди и тушеви што можете да ги користите по бањата со пиво. Покрај тоа 45 минути во оваа бања ќе ве чинат околу 10 евра, односно 14 евра во текот на летото. Има само една бања со пиво, а спа центарот има посебен дел за мажи и жени. Постојат одредени термини за мажите и одредени термини за жените. Собите имаат неверојатен поглед кон планините, има бесплатен интернет и огромни телевизори, има и воден парк, соба за чај, масажи и караоке машина. Можете да се капете во другите базени, да ловите риба или да го посетите ноќниот пазар.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.