Палитана – град во Индија каде живеат само вегетаријанци

Палитана е мало гратче во округот Бавганар во Индија каде што сите жители се вегетаријанци. Ова е првиот целосно вегетаријански град во светот, но и најсветото место за следбениците на религијата џаинизам. Во градот има 863 храма, а местото е толку религиозно, што во 2014 година 200 монаси штрајкуваа со глад за да се затворат 250 месарници во околината, како и заради забрана на ритуалното убивање животни.

Владата потоа го прогласи градот за “зона без месо”.

Џаинизмот не претставува верување во ниту едно божество. Основан е во 6. век п.н.е. и се заснова на ненасилство кон сите живи суштества. Џаинистите веруваат во повторно раѓање и дека добрите во следниот живот, кога повторно ќе се родат, како награда добиваат повисок ранг. Точниот број џаинисти не се знае, но градот Палитана годишно го посетуваат четири до пет милиони аџии. Млечните производи не се забранети.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.