Пензионерите од Јапонија масовно одат во затвор

Јапонските медиуми пишуваат дека пензионерите ја користат дупката во законот кој има драконски казни за помали прекршоци за да одат во затвор. Така, пензионерот Тошио Таката на 69 годишна возраст останал без пари и со ниска пензија. Тој се сетил како да преживее на државен трошок. Отишол со велосипед во полициска станица и се пријавил дека го украл по што му била изречена затворска казна од една година.

Откако го пуштиле од затвор настанал проблем. Сакал да се врати на местото каде има три оброка, струја, вода, чиста постелнина, а може и да се занимава со своите хобија – цртање и читање. Затоа, кога го пуштиле од затвор на 69 годишна возраст им пришол на група жени во паркот и им се заканил со нож. Веднаш бил осуден на две години затвор. За тоа време пензијата му стигнува, така што кога ќе излезе од затвор ќе има и заштедени пари , а освен тоа има и бесплатна здравствена нега.

Бројот на пензионери кои отишле во затвор само последната година е зголемен за пет пати. Властите почнале да го согледуваат проблемот и увиделе дека 2 500 затвореници, пензионери, биле повеќе од пет пати во затвор и тоа најчесто за кражба на храна во супермаркетите. На пример, за украден сендвич во вредност помала од 1,5 евра се лежи затвор од две години, а тоа државата ја чини 660.000 илјади евра.

Поради нагло зголемениот број затвореници постари од 60 години, владата на Јапонија вработи повеќе женски чувари, направи посебни тоалети, постави рачки во затворите и работилници наменети за нивната возраст.

Повеќе на Музика24...