Поради коронавирусот и годинава откажан “Октоберфест”

Поради пандемијата на коронавирус “Октоберфест” во Минхен нема да се одржи ниту оваа година, најави премиерот на Баварија, Маркус Содер.

„Октоберфест нема да биде возможен ниту оваа година“, рече премиерот на Баварците Маркус Содер по консултациите со градот Минхен. Содер, исто така, препорача и другите градови во Баварија, кои организираат настани слични на “Октоберфест”, да се воздржат од организирање прослави и оваа година.

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер рече дека одлуката е донесена токму сега затоа што „нема смисла“ да се чека повеќе со оглед на обемните подготовки што ги бара настанот.

„За мене, тоа е многу тешка одлука“, рече Рајтер.

Одлуката за откажување на годинешниот “Октоберфест” е донесена поради преголемата опасност од ширење на инфекцијата во преполните шатори каде се одржува “Октоберфест”, и покрај очекувањата дека повеќето граѓани ќе бидат вакцинирани до септември.

“Октоберфест” годинава требаше да се одржи од 18-ти септември до 3-ти октомври. Претходните години, “Октоберфест” го посетуваа по шест милиони посетители. Последниот “Октоберфест”, одржан во 2019 година, остварил приходи од 1,23 милијарди евра за градот Минхен.

Според истражувањето на јавното мислење објавено од весникот „Аугсбургер алгемајне“, 69 проценти од анкетираните Баварци се за неодржување на “Октоберфест” и оваа година.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com