Прелог дестинации за одлично поминат викенд надвор од Македонија

Денес во делот за забава, музичкиот портал Музика24 за Вас ќе одвои три дестинации кои многумина од стручните експерти за оваа област ги препорачуваат за добро поминат викенд, викенд кој идеално ќе го поминете со саканата личност. Пред и се треба да знаете дека најефтин град во Европа е градот Вилнус во Литванија, а по него следува до нас најблискиот и најдостапниот град во соседството – Белград.

Ќе се запрашате како е направена оваа листа и кој воопшто седнал да ја направи? Магазинот Post Office ја направил оваа листа по неколку критериуми, а повеќето се оние главни туристички трошоци како што се пијалоците, вечера во ресторан, хотел и секако превоз. Според тоа, ние Ви ги предложуваме првите три дестинации од оваа листа, а тоа се Вилнус, Белград и Варшава.

За Белград нема потреба да коментираме. Од кафани, ресторани, клубови, добра забава, убави луѓе… Вилнус е главниот град на Литванија познат по својата барокна архитектура, особено во средновековниот Стар град. Но, зградите, во оваа област ги одразуваат различните стилови и епохи, од неокласичната катедрала Вилниус до готската црква Св. Ана. Портата на Зората од 16 век, која содржи храм со света икона на Дева Марија, некогаш го чувала влезот во оригиналниот град.

Варшава е најголемиот, а воедно и главен град на Полска. Широко разновидната архитектура ја изразува долгата и турбулентна историја на градот, а покрај уживањето во нејзината убавина од неа можете да научите многу за Европската историја.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.