Прва држава на светот каде превозот е комплетно бесплатен

Луксембург од средината на 2019та најавува дека ќе укине плаќање во јавниот превоз и тоа во возовите, трамваите и автобусите. Новата коалициска Влада на чело со премиерот Хавиер Бетел најави целосно бесплатен јавен превоз од летото 2019. Бетел, кој е лидер на Демократската партија, вети дека приоритет ќе му бидат еколошките проблеми. Освен бесплатниот јавен превоз, Владата вчера најави и легализација на канабисот, како и воведување на два нови државни празници.

Градот Луксембурт е еден од најзагадените во Европа, па со оваа мерка владата има намера да ги мотивира жителите да го користат јавниот транспорт наместо автомобилите. Во самиот град живеат околу 110.000 жители, а секој ден во него со автомобили доаѓаат уште 400.000 на работа. Според една студија во 2016 возачите во Луксембург минале вкупно 33 часа во сообраќаен застој.

Повеќе на Музика24...