Првиот јутубер Pewdiepie со 100 милиони претплатници (Видео)

Од скромно момче кое немало пријатели до вистинска Јутјуб ѕвезда. Феликс Кјелберг, познат како Pewdiepie е првиот независен јутјубер кој зад себе има армина од 100 милиони претплатници. Независен е затоа што позади него не стои никаква корпорација или продукција, туку тој своите клипови ги снима и монтира сам со помош на својот пријател Сајв.

На Pewdiepie му беа потребни 10 години работа за да ја постигне оваа бројка од 100 милиони претплатници. Инаку тој својата Јутјуб кариера ја започна снимајќи се себе како игра видео игри, а првиот вистински успех го достигнува кога почнува да снима како игра хорор видео игри.

Тој во претходните години имаше проблеми со Јутјуб платформата која се чини дека му го сврти грбот, но и покрај бројните тужби и блокади тој продолжи да снима. Сепак од Твитер профилот на платформата Јутјуб му честитаа на Pewdiepie за постигнатиот успех.

Повеќе на Музика24...