Сакате ли да имате стан во Сицилија по цена од само едно евро?! (Фото)

Градоначалник на мало гратче на западниот брег на италијанскиот остров Сицилија, продава станови и куќи по цена од едно евро. Поради се поголемиот број на миграција на жителите во урбаните средини, властите на градот Самбуча со оваа необична одлука сакаат својот град да го спасат од изумирање.

Имено, на продажба се нудат 12 станови кои се руинирана состојба. Поголемиот дел од недвижностите се движат од 40 па се до 150 квадратни метри. Иако ова не е прв пат еден италијански град со помалку луди понуди да мами странски вложувачи, градоначалникот на Самбуча, Ѓузепе Кациопо тврди дека не станува збор за пропаганда туку за вистинска потреба за нови инвестиции.Властите досега продале 10 станови, а заинтересирани купувачи има најмногу од Швајцарија, Франција, Шпанија, но и останатите делови на светот.

Нормално, во оваа идилични понуда постои и една клаузула. Имено, секој нов сопственик при купувањето ќе мора да се обврзе дека во рок од три години во обновата на станот ќе вложи најмалку 15.000 евра. Плус, пред купувањето ќе биде потребно да приложи депозит од 5.000 евра кој ќе биде вратен после обновата.

Повеќе на Музика24...