Сакате ли да се напиете здраво кафе? Овие се додатоците за супер-здраво кафе

Повеќето истражувања укажуваат на позитивните ефекти по здравјето на умереното пиење кафе. Денес зборуваме за тоа како можете да го направите овој пијалок уште поздрав, но и ароматичен.

Цимет – посипете цимет во прав во кафето или ставете стапче цимет во чаша. Овој зачин има антивирусно и антибактериско својство, што е многу корисно во постудените месеци, додека во исто време помагаат за регулирање на нивото на шеќер и триглицериди во крвта.

Ѓумбир – во кафето можете да додадете малку ѓумбир во прав. Ѓумбирот го стимулира варењето, намалува надуеност и гасови, а исто така помага кај симптомите на настинка. Овој зачин ја ублажува и болката од артритис, бидејќи дејствува антинфламаторно.

Какао и темно чоколадо – придобивките од какаото ја подобруваат циркулацијата, концентрацијата и вниманието, го регулира крвниот притисок и се анти-воспалителни. Додадете една лажица какао во прав или ставете 2 чаши црно чоколадо во кафето за да се раствори.

Кокосово млеко и кокосово масло – кокосовото млеко претставува добра алтернатива на кравјото млеко, особено ако забележите дека ви смета лактозата. Кокосово млеко и кокосово масло содржат лауринска киселина која го стимулира имунитетот и во организмот се претвора во монолаурин, соединение со антивирусни и антибактериски својства. Што се однесува до количината, за почеток може пробате кафе со додавање на 1 лажица кокосово млеко и 1 лажичка кокосово масло.

Кокосов шеќер – овој шеќер не се добива од кокос туку од сок од кокосова палма. Содржи мала количина на цинк, железо, магнезиум и витамин Б комплекс. Кокосов шеќер содржи инулин кој делува како пробиотик и така го поттикнува растот на пријателски бактерии во цревата.

Екстракт од ванила – Ванилата традиционално се користи не само за слатка арома, туку и поради нејзините медицински својства. Ванилата ја стимулира концентрацијата и дејствува позитивно на расположението. Мирисот на ванила исто така помага при контрола на апетитот.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.