Се најавува продолжение на “Жикина династија”, со Никола Којо во главна улога

Култниот серијал “Жикина династија” после 30-на години од првиот филм ќе го добие своето 11-то продолжение. Неодамна е одобрено ко-финансирање на овој проект со 22,5 милиони динари на конкурсот за комерцијален репертоарски филм на Филмскиот центар на Србија.Л

“Луда година” е продолжение, но и т.н. рестартирање на “Жикина династија”. Во центарот на приказната овој пат наместо легендите Драгомир Бојаниќ-Гидра и Марко Торововиќ е нивниот внук Миша кој ќе го игра Никола Којо кој играше и во претходната постава. Покрај Којо после децении пауза на филмското платно се враќаaт и Владимир Петровиќ, Риалда Кадриќ и Весна Чипчиќ кои ги играа Боба, Марија и германката Елза.

Никола Којо односно Миша сега е татко на две момчиња кои симболично се викаат Милан и Жика од кои едното е тинејџер, на прагот на “тие” луди години. Автор на сценариото e ќерката на оргиналниот автор Јован Марковиќ, Милена Марковиќ, режисер ќе биде Милан Коњевиќ.

“Проектот “Луда година” е продолжение, но и една врста на омаж на филмската франшиза “Жикина династија” која во поранешна Југославија има култен статус. Хуморот е суптилен и доаѓа од ликовите и од необичните и неочекувани случки. Сценариото е доволно јасно и нема тенденција да ја наведува публиката, туку е интерактивно и се издвојува од другите комерцијални филмови  со својот потенцијал за едукација”, се вели во соопштението на Филмскиот центар на Србија. 

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.