Бизнис Инсајдер: Скопје еден од најефтините градови за живеење во Европа

Бизнис Инсајдер објави листа на 26 европски градови во кои може да се живее со помалку од 600 фунти, односно, 690 евра месечно.  Најевтините градови за живот се во Романија (седум), потоа следува Украина (пет), Русија (три), Србија, Бугарија и Босна и Херцеговина (сите по два), и Македонија, Албанија, Косово и Белорусија (само по еден).

Листата е составена врз основа на економската ситуација, културата и можностите за вработување. Од Бизнис Инсајдер назначуваат дека цените не се секаде исти, односно варираат од регион во регион. Месечните трошоци од 690 евра се една третина од трошоците на жителите на Лондон и половина од трошоците за живеење на луѓето во Манчестер, Глазгов и Ливерпул.

Листата на градови во кои може да се живее со пристојно со месечни примања од 690 евра изгледа вака:

  1. Днепар, Украина – 450 евра
  2. Л’вив, Украина – 465 евра
  3. Харков, Украина – 469 евра
  4. Приштина, Косово – 502 евра
  5. Крајова, Романија – 530 евра
  6. Ниш, Србија – 542 евра
  7. Одеса, Украина – 557 евра
  8. Кишињев, Молдавија – 560 евра
  9. Киев, Украина – 565 евра
  10. Арад, Романија – 583 евра
  11. Велики Варадин, Романија – 594 евра
  12. Нови Сад, Србија – 600 евра
  13. Брашов, Романија – 610 евра
  14. Скопје, Македонија – 614 евра
  15. Сибињ, Романија – 617 евра
  16. Пловдид, Бугарија – 620 евра
  17. Минск, Белорусија – 622 евра
  18. Бања Лука, Босна и Херцеговина – 627 евра
  19. Тирана, Албанија – 636 евра
  20. Јаши, Романија – 652 евра
  21. Нижњи Новгород, Русија – 660 евра
  22. Темишвар, Романија – 664 евра
  23. Варна, Бугарија – 664 евра
  24. Новосибирск, Русија – 670 евра
  25. Казањ, Русија – 672 евра
  26. Сараево, Босна и Херцеговина – 680 евра
Повеќе на Музика24...