Словенија ја отвори првата фонтана на пиво во светот (Фото)

По полугодишна сезонска пауза, првата фонтана на пиво во светот во словенечкиот град Жалец, беше повторно отворена. Поради епидемијата на коронавирусот, отворањето беше одложено повеќе од еден месец, а на отворањето се претставија повеќе од 30 словенечки марки пиво. Како што е и редот, отворањето се одржи во согласност со упатствата издадени од Националниот институт за јавно здравје за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Отворањето се одржа според предвиденото, да се постави т.н. сигурна патека по која посетителите можат да се движат со цел да се овозможи да ги почитуваат мерките за социјална дистанца. Само три лица истовремено ќе можат да влезат во рамките на фонтаната, беше кажано на отворањето, но ќе треба истите да бидат на растојание од најмалку 1,5 метар.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.