Снаата на баба Ванѓа открива: Таа ја предвиде болеста и коронавирусот

Д-р Здравка Методиева е од Петрич, град во соседната Бугарија и е снаа на баба Ванѓа. Таа живее со неа 22 години, сe до смртта на баба Ванѓа во 1996 година. Методиева е оженета за Димитар Волчев, кој е посвоен од баба Ванѓа. Уште тогаш бабата ја прима Здравка во семејството како нејзина ќерка. Ме прими толку брзо до себе си, дури сакаше да ја нарекувам мајко и јас така направив, до последниот ден.

Д-р Методиева е лекар, кардиолог и ревматолог, владее четири јазици. Зборовите кои таа ги кажа во интервју за бугарска новинарска агенција во ова време на пандемија дава надеж за посветла и помирна иднина.

Таа вели дека луѓето во тешки моменти бараат да пронајдат тронка надеж, малку вистина која да ја следиме и да излеземе брзо од оваа криза.

“И затоа мислам дека во вакви моменти се сеќаваме на претскажувањата на баба Ванѓа, нејзинот дух ни помага и сега, како што ни помагаше додека беше жива”, вели уште Методиева. На прашањето дали Баба Ванга го предвидела точно коронавирусот, таа го даде следниот одговор:

“Не се сеќавам точно да кажала коронавирус, но го кажа следното: “Ќе има болест, страшнa, ненајдејна, но човекот ќе се справи со неа. Ќе се откријат лекарства, кога ќе му дојде времето. Ќе се справите со кризата, но молете се на бога”, вели таа.

Баба Ванѓа велеше: “Човекот е многу горд, се меша во Божјите работи”… “Отидоа на месечината и велат: Нема бог!”, вели таа. “Ќе дојде време, ќе се разбере вистината – има бог!”. Тоа биле нејзините зборови.

Повеќе на Музика24...