Среќен 7-ми роденден Vistina.com.mk (Фото)

На денешен ден 20-ти ноември 2013-та година на интернет просторот се појави новиот забавно-информативен портал Вистина.ком.мк. На овој ден тие го напишаа и објавија својот прв текст. Од тој ден па натаму порталот Вистина стануваше се попознат и попознат, признат и етаблиран, и што е најважно стана еден од најчитаните и најпосетуваните во Македонија. Тие станаа бренд кој се препознава по секогаш ексклузивната, навремена и точна информација. Уникатни, препознатливи, оргинални и единствени, порталот Вистина секогаш подготвен да ви ги презентира информациите од прва рака, со свои екипи на терен, без да чекате да ви прераскажуваат, туку први да се информирате што се случува и која е вистината за одреден настан, случување, промоција или концерт.

“Ветивме дека ќе бидеме интригантни и забавни, провокативни и шокантни, гламурозни и екстравагантни, хумористични и сатирични, но и едукативни и издржани, омилени и омрзнати, информативни и промотивни, сериозни и ригорозни, доблесни и бескомпромисни… Се со цел да Ви ја доближиме реалноста. И останавме доследни на ветеното. И покрај сите „сцили и харидби“, бури и премрежја низ кои годиниве минувавме и се уште минуваме во овие турболентни времиња и опасни години на живеење. Се уште сме тука со Вас и за Вас и планираме уште долго да бидеме, за да Ви ја понудиме вистината на дланка, зошто како што велат, секој има своја вистина, но само една е онаа – „вистинската“. Или како што ние велиме: Само една има вистина – Вистина.ком.мк… Се друго е… Знаете веќе што. Затоа, од срце Ви благодариме што од првиот напишан збор и првата објавена фотографија до ден денес останавте со нас. Верна читателска публика, која постојано се зголемува, расте… Ние и понатаму ќе бидеме првите што ќе се потрудат да ви овозможат да дознаете повеќе од тоа што го знаете, или она што вообичаено досега сте можеле да го дознаете. Естрадно-забавна „лектира“ за читателите. Но и за препишувачите во овој виртуелен хаос, во ова онлајн „село без кучиња“, во кое мнозинството „лингури“ секојдневно безидејно талкаат од портал до портал, бесрамно крадејќи од малкуте вистински, за потоа нивното „копи-пејст“ препишување на туѓите идеи, истражувања, коментари, написи… да го преставуваат како свое дело.

Затоа, само една има Вистина… Единствена оригинална, уникатна, препознатлива… Вистина.ком.мк! Ова се нашите први 7 години… Наши и Ваши, за што од се’ срце Ви благодариме на времето, вниманието, лојалноста, довербата… која никогаш нема да ја изиграме, нема да ве изневериме!”, велат од порталот Вистина.

Редакцијата на единствениот македонски специјализиран музички портал во Македонија им го честита 7 роденден и им посакува уште многу родендени, прослави и веселби, а нашата соработка постои, постоела и ќе постои.

Се најдобро!

Музика24.мк

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com