Што значи поздравот “Bajram serif mubarek olsun”

Денес нашите сограѓани, верниците од Исламската вероисповед, го празнуваат големиот празник Фитер Бајрам. Но дали воопшто знаете што значат зборовите, односно поздравот: “Bajram serif mubarek olsun”. Оваа реченица со која што денес се поздравуваат муслиманите всушност значи: “Нека е благословен Бајрам”. Одговорот пак на ова што обично се упатува е: “Allah razi olsun” што во превод значи: “Нека е Алах задоволен со тебе”.

Во текот на бајрамските празници верниците од Исламската вероисповед ги посетуваат и им го честитаат празникот на својите најблиски, роднини, комшии, пријатели. И музичкиот портал Музика24 на сите муслимани им го честита големиот празник Фитер Бајрам и им посакува овие празнични денови да ги поминат со најблиските и најсаканите, во мир, лубов, спокојство и меѓусебно разбирање.

Повеќе на Музика24...