Таткото на Том и Џери со досега седум оскари за најдобриот цртан филм на сите времиња

Дали се сеќавате на натписот “Hanna-Barbera” кој се појавил пред да почне омилениот цртан филм кој со нетрпение сте го чекале како деца? Ова се токму презимињата на двојката која е одговорна за милиони детски насмевки од целиот свет. Hanna заедно со Јосиф Барбара во рамките на нивната компанија од 1957-ма до 2001-та година произвеле некои од најпознатите светски анимирани серии како што се “Том и Џери”, “Штрумфови”, “Scooby-Doo”, “Flintstones” и “Jetsons”.

William Hanna беше аниматор, карикатурист, режисер, продуцент, член на креативното дуо Hanna-Barbera и ко-основач на “Hanna-Barbera”, а починал на 22-ри март пред 18 години, на возраст од 91. година. Роден е 1910 година, а ја започнал својата кариера во студиото за анимација “Harman and Ising animation”. Му тргнало дури кога дошол во MGM и таму го запознал William Barbara.

Цртаниот филм на MGM за парот “смртни непријатели”, мачката и глушецот “Puss Gets the Boot” на анимациското дуо им ја донесе првата номинација за Оскар, а подоцна од него се развил еден од најпопуларните цртани филмови на сите времиња – “Том и Џери” кој им донесе седум Оскари. Исто така, е интересно да се знае дека еден од најпознатите еволуирани авиони некогаш, американскиот F-14 го има прекарот Tomcat. Иако официјалното објаснување е дека името го дал еден американски адмирал со име Том, до ден денес по форумите траат дебатите кој е инспираторот за името на мачорот Том.

Кога MGM ја затвори единицата за анимација во 1937 година, дуото формира сопствена компанија “Hanna-Barbera”. По смртта на William Hanna во 2001 година, Barbera остана активен како извршен продуцент во Warner Bros.

Повеќе на Музика24...