Француски уметник прави неверојатни слики на трева (Фото)

Францускиот уметник познат како Saype по барање на градските власти во Буенос Аирес направи извонредно уметничко дело на тревна површина кое го обиколи светот. Овој уметник направи слика на површина поголема од 5.000 метри квадратни и тоа со биоразградлива боја.

На плоштадот Генерал Сан Мартин, тој направил огромната слика на која е прикажано мало девојче кое црта еколошки цртежи. Оваа слика целосно се гледа од воздух, што ја прави драматична. Силните бели линии од цртежите на детето пренесуваат порака за денешната младост и судбината на планетата.

“Малото девојче ја симболизира иднината. Сепак, нашите деца се оние кои ќе го имаат утрешниот свет во нивните раце. Од едната страна е пластичен отпад , од другата, светот во кој ќе се наоѓаме ако се грижиме за нашата земја за да имаме мирно и чисто место како цртежот на дете”, вели меѓудругото уметникот. Споделувајќи ја оваа еколошка уметност со светот, Saype се надева дека ќе ги инспирира другите да преземат нешто и да направат промена.

Повеќе на Музика24...